Утре, 22.10.2026 година, со почеток во 11:00 часот, Советот на Општина Виница ќе ја одржи 13-тата редовна седница, на чиј дневен ред ќе се најдат следните точки:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Виница за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 30.09.2026 година (трет квартал);
– Образложение за кварталните извештаи од 01.01.2026 година до 30.09.2026 година (трет квартал);
2. Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општина Виница за квартал од 01.01.2026 година до 30.09.2026 година (трет квартал);
3. Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на општините и Јавните претпријатија основани од општините (трет квартал);
4. Измена на План на Програми за развој за период од 01.01.2026 до 31.12.2026 година;
– Се брише развојна програма ЈДФ Изградба и реконструкција на локални патишта и улици;
– Измена на развојни програми;
– Дополнување на развојни програми;
5. Предлог-Буџет за изменување и дополнување на буџетот на општина Виница за 2026 година (втор Ребаланс на буџетот);
– Образложение на Предлог-Буџетот за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Виница за 2026 година (втор ребаланс);
6. План на Програми за развој за период од 01.01.2027 до 31.12.2027 година;
7. Предлог-Одлука за дополнување на Програма за работа во областа на располагањето за градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Виница за 2026 година;
8. Предлог-Одлука за организирано собирање на кабаст отпад на територијата на Општина Виница;
9. Барање од ООУ „Славчо Стојменски“-Виница за отповикување на претставник во Училишен одбор (Предлог-Решение за разрешување);
10. Барање од ООУ „Славчо Стојменски“-Виница за избор на претставник во Училишен одбор (Предлог-Решение за именување);
11. Барање Согласност на Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ – Виница;
12. Оставка од Снежана Гаврилова од член на Управен одбор на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“-Виница (Предлог-Решение за разрешување);
13. Предлог-Решение за именување член на Управен одбор на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“-Виница;
14. Предлог за разрешување и именување на еден претставник од родителите во Управниот одбор на Општинската Јавна установа за деца детска градинка „Гоце Делчев“ – Виница (Предлог-Решение за разрешување и именување);
15. .Барање од Панче Данев од Виница на финансиска помош поради лоша материјална положба;
16. Барање од Стојанка Воинова од с.Градец, Виница на финансиска помош, за лекување;
17. Барање од Здравка Царева од Виница на финансиска помош, за лекување на дете;
18. Барање од Ванчо Трајков од Виница, за одобрување приклучок на водa;
19. Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Драгица Каранфилова од с.Градец, Виница;
20. Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Васко Тодорoв и Борчо Тодоров од с.Крушево, Виница;
21. Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Благојчо Илиев од Виница;
22. Советнички прашања;
Дополнување на дневен ред
1. Решение за свикување на 13-та редовна седница на Советот на Општина Виница;
2. Записник од одржана 12 редовна седница на Советот на Општина Виница;
3. Предлог-одлука за дополнување на Програма за уредување на градежно земјиште, улици и патишта во Општина Виница за 2026 година;
4. Предлог-одлука за вршење на техничка исправка на урбанистички план за усогласување нумерички податоци;
5. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на движни ствари на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“-Виница;
6. Барање Согласност на Измена на Годишен план за вработување за 2027 година на ОУ Дом на културата „Тошо Арсов“-Виница;
7. Барање од ОУ Дом на културата „Тошо Арсов“-Виница за разрешување член на Управен одбор (Предлог-Решение за разрешување);
8. Барање од Симона Ѓорѓиева Ковачки од Виница на финансиска помош, за лекување во странство;
9. Барање од Билјана Темелкова од Виница на финансиска помош, за лекување;
https://www.vinica.gov.mk/index.php/materijali-za-sovetnici

