Од општина Македонска Каменица известуваат дека продолжуваат со реализација на планираните градежни активности, кои се дел од програмата предвидена за уредување и асфалтирање на пристапните патишта во селските средини. Денес, заврши асфалтирањето на пристапни патишта во село Луковица, со ширина од 3 метри и со должина од 530 метри.

„Продолжуваме со асфалтирање на локални пристапни патишта во селските средини во Македонска Каменица.
Само вчера и денес се асфалтирани 530 метри локален пат, со повеќе приклучни кракови, до домовите на жителите од село Луковица.
Како што ветивме,
со градежни активности ќе продолжиме и во останатите селски средини од општина Македонска Каменица.
Веќе работиме на подготовка на потребна проектна документација за продолжување со асфалтирање и уредување на повеќе локални пристапни патишта. Конкретно, се работи на подготовка на проекти со градежни активности во село Тодоровци, Косевица, Костин Дол, Цера и во делот на Стара Каменица“. – изјави градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова
Со ова општина Македонска Каменица продолжува со решавање на приоритетните прашања на граѓаните и ги подобрува условите за живот во селските средини. Во тек е подготовка на документација за уште неколку проекти и во останатите селски средини кои ќе бидат реализирани до крајот на оваа или во текот на следната година.

Покрај изготвените проектни документации, нтензивно работиме на подготовка на потребна проектна документација за продолжување со асфалтирање и уредување на повеќе локални пристапни патишта во повеќе селски средини. Конкретно, се работи на изготвување на проектна документација за поврзување на село Тодоровци, преку Паламарско до село Луковица и локален пат од Луковица кон село Косевица, преку Врвачко маало. Следува реализација на проекти со наведените градежни активности и во село Цера, од м.в Побиен Камен до Гребење, опфатени се и неколку пристапни патишта во село Костин Дол и асфалтирање на поголем дел пристапни патишта до домовите на граѓаните во делот на Стара Каменица.


