Македонска Каменица 20.08.2018 година- Општина Македонска Каменица ги известува жителите дека поради претстојното “Каменичко културно лето 2018” во периодот од 26-ти до 28-ми август, од страна на МВР ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица.
Во понатамошниот текст на известувањето, од Општината замолуваат, граѓаните своите возила да ги паркираат во своите дворови или гаражи и на уредените паркинг просторите во градот. Да се однесуваат согласно наредбите и вонредните прописи наложени од службените лица за јавен ред и мир, со цел непречено одвивање на зголемениот сообраќај во наведениот период од една, и заштита од несакани штети на возилата на граѓаните од друга страна.
Општина Македонска Каменица упатува огромна благодарност за соработката и разбирањето до граѓаните, со апел и надеж дека сите заедно, можеме да придонесеме, претстојното “Каменичко културно лето 2018”, да биде најубаво организиран културен настани во Македонија и пошироко во регионот.
