Директорот на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, г-дин Златко Начoвски, оствари средба и го пречека својот колега, г-дин Сашко Додевски, директор на Националната установа Центар за култура – Крива Паланка, во рамки на неговата работна посета на Делчево.
За време на посетата, директорите заеднички присуствуваа на книжевниот портрет на Мира Георгиевска, организиран во рамки на литературно-поетската манифестација „Вапцарови бранувања 2026“, а ја посетија и ликовната изложба на Решат Амети.
Средбата претставуваше можност за непосредна размена на искуства и идеи, како и за унапредување на меѓуинституционалната соработка во областа на културата.
Ваквите средби се значаен придонес кон поврзувањето на културните институции и создавањето нови можности за заеднички културни иницијативи и проекти.

