Виница: ДПД Виница доби значајна донација за опремување на доброволците
Виница – Доброволното противпожарно друштво Виница доби значајна донација која опфаќа униформи, противпожарни чизми, шлемови и медицинска опрема.
Донацијата претставува значајна поддршка за унапредување на опременоста и подготвеноста на доброволците за справување со пожари и други итни ситуации.

Донацијата е обезбедена преку сонародникот Антонио Ивановски, на кого од ДПД Виница му упатија искрена благодарност за несебичната поддршка и ангажманот.
Голема благодарност е упатена и до Ротари клуб Кочани – Виница, кој го обезбеди транспортот на донацијата.
Од Друштвото порачуваат дека ваквите дела се доказ дека солидарноста, хуманоста и заедништвото се темелот на едно посилно општество.

