Македонскиот кардиолог и планинар проф. д-р Сашко Кедев официјално е признат од Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек што ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри. Подвигот го завршил на 63 години и 14 дена.

- едев е првиот Македонец што ги искачил сите 14 осумилјадници во светот.
- Рекордот го заокружил на 20 јули 2025 година, на врвот Гашербрум I во Пакистан.
- Гинис го признава и како највозрасен човек што ги завршил двата големи планинарски предизвика – 14-те осумилјадници и „Седумте врвови“.
Сашко Кедев доби официјално признание од „Guinness World Records“ за својот планинарски подвиг, со кој испиша ново поглавје во македонското планинарство. Признанието го објави Федерацијата за планинарство, упатувајќи му честитки за постигнатиот резултат.
Целиот текст објавен од Канал77 можете да го прочитате ОВДЕ

