Управата на РК Сокол Саса со задоволство ја известува спортската јавност дека нов член на нашиот клуб е македонскиот голман Даниел Мишовски (роден 2007 година).
Станува збор за перспективен чувар на мрежата кој потекнува од беровско Ратево, а во нашиот тим пристигнува директно од Словенија.

Својата досегашна интернационална кариера ја градеше во екипите на Марибор Браник и Драва Птуј, каде се истакна со одлични настапи во тамошната М20 лига.
Веруваме дека со неговиот талент, посветеност и искуство ќе донесе дополнителна сигурност во нашата одбрана во претстојните натпревари.
Добредојде во Македонска Каменица и многу успех во дресот на Соколите!

