Инсталиран фотоволтаичен систем од 37 kw во каменичката деветолетка за заштеда на 50% од електричната енергија
– Со големо задоволство ве информирам дека денеска го посетив основното училиште “Св. Кирил и Методиј” каде успешно е инсталиран нов фотоволтаичен систем со моќност од 37kw. Овој проект овозможува заштеда од 50% електрична енергија од потребите на училиштето, што претставува значаен чекор кон одржлива иднина и заштита на животната средина, – истакнува градоначалникот Атанасовски

Горди сме на оваа инвестиција со која покрај намалувањето на трошоците, ги едуцираме нашите ученици за важноста на обновливите извори на енергија. Како локална самоуправа вложуваме во градењето на заедница каде екологијата и користењето на обновливите извори ќе биде приоритет во работењето, – додава Атанасовски

Продолжуваме да работиме за подобра и поеколошка иднина за сите нас. Следува поставување на фотоволтаични состеми на повеќе објекти во градот како Домот на култура, Куќа на спортот и Здравствената станица во Македонска Каменица.

