Џенова после само десет минути игра води со 2-0 против Кротоне во меч од Серија А на кој Македонецот Горан Пандев ја носи капитенската лента во домашниот тим, и беше стрелец на вториот погодок со кој најавува триумф.
Пандев избегна неуспешна офсајд замка, откосо излезе сам пред противничкиот голман и со мајсторски лоб ја смести топката во мрежата на Кротоне.
- Мајсторијата на Горан Пандев против Кротоне:
Претходно, водечкиот гол за Џенова го постигна Матиа Дестро. На клупата на Џенова дебитира новиот тренер Маран.
