Скандал во женската кошарка: Вардар мамел со кошаркарки!

Дефинитивно ниту кај дамите не е досадно. Иако квалитетот е далеку од посакуваното ниво, доаѓаат изненадувачки вести. Како што пишува спортскиот магазин СпортМедија, екипата на Вардар предводена од селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов на дуелот против Гризли Баскет се обидела да мами со внесување на кошаркарка на теренот која ја немало во записникот пред мечот. Ашаданов на терен ја испратил Николиќ, но десетина секунди после тоа, било откриено дека станува збор за измама.

Веднаш било реагирано, кошаркарката била испратена на трибини, Ашаданов заработил техничка грешка. Овој натпревар е заведен од службена победа на Гризли Баскет, Вардар нема да добие бод за пораз, а додека делегатот на овој меч заработи суспензија од четири натпревари за вршење на должност во сите лиги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *