Author: Media Point
ЗОРАН ПАЛАМАРО ЈОВАНОВСКИ Од Кочани до светската пица-сцена: Македонецот кој со знаење, страст и визија ја донесе меѓународната пица-елита во Скопје Зоран Паламаро Јовановски, во меѓународните гастрономски кругови познат како „Il Grande Zoran“, е едно од македонските имиња кои успешно градат кариера надвор од границите на земјата. Како лиценциран мастер-инструктор на италијанската Accademia Pizzaioli, меѓународен пица-судија, претприемач и основач на Pizza Championship Macedonia, тој со години работи на развојот на професионалната пица-индустрија во Македонија. Октомври 2026 година за него беше особено значаен. Со организацијата на Pizza Championship Macedonia 2026 во Скопје, Јовановски успеа да обедини врвни пица-мајстори, меѓународни судии и…
Отворен повик за учество на ликовен конкурс за деца 2026 Рудник САСА, петта година по ред, преку својата Фондација Рудник САСА, го објавува јавниот повик за учество во ликовниот конкурс за детски цртежи на тема: „60 години заедно – обоени со детската имагинација“ Исто како и претходната година, наместо да ги испраќаат во САСА, децата цртежите ќе ги изработуваат на креативни работилници, под менторство на локален ликовен уметник – педагог. На тој начин децата ќе имаат можност полесно да го пронајдат и изразат својот талент и креативност, пренесувајќи ја својата емоционална поврзаност со средината во која растат и…
Светителката Преподобна Параскева – Света Петка, се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ…
Ноќеска ќе спиеме подолго, но денот ќе ни изгледа многу пократок уште вечерва, бидејќи ќе почне порано да се стемнува, нешто по 16:30 часот. Ноќта помеѓу 24 и 25 октомври започнува зимското сметање на времето, а стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Зимското сметање почнува во 3 часот наутро, кога стрелките ќе се поместат на 2 часот. Со ова, во недела, 25 октомври, денот ќе трае 25 часа. Но промената ќе се почувствува уште истиот ден во текот на попладневните и вечерните часови, кога ќе почне да се стемнува порано, бидејќи сонцето ќе зајде околу еден час…
Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, оствари средба со делегација од италијанската Општина Неиве. Во рамки на посетата, заедно со градоначалникот на Неиве, Паоло Пичинели, заменик-градоначалничката Луиза Бофа, советничката Силвана Трајановска и Протопрезвитер-ставрофор Михајло Матевски, беше посетен Музејот „Теракота“ во Виница. При посетата, на гостите им беше претставено богатото културно и археолошко наследство на општината. 2 Градоначалникот Костадиновски истакна дека ваквите средби претставуваат одлична можност за градење нови пријателства, размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу двете општини, со надеж за нови средби и продолжување на пријателството.њ
СРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, ГОРАН АНГЕЛОВ, СО ПРОТОПРЕЗВИТЕР-СТАВРОФОР МИХАЈЛО МАТЕВСКИ ОД ИТАЛИЈА Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, оствари средба со Протопрезвитер-ставрофор Михајло Матевски, при Македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Неиве, Италија. На средбата се разговараше за културниот и духовниот живот на Македонците во регионот Пиемонт, нивната организираност, како и за одбележувањето на верските празници и значајните јубилеи, кои имаат важна улога во зачувувањето на македонскиот национален идентитет, традиција и духовно наследство. Беше истакната значајната улога на Македонската православна црква и црковните општини во обединувањето на македонските иселеници, негувањето на македонските духовни и…
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска оствари срдечна и пријателска средба со делегација од италијанската општина Неиве, предводена од градоначалникот Паоло Пичинели, во чиј состав беа и заменик-градоначалничката Луиза Бофа, советничката во Општина Неиве Силвана Трајановска и парохискиот свештеник отец Михаило Матевски. – Поттикнати од силната желба да помогнат, македонската заедница, Македонската православна црква и локалното население, без оглед на националната припадност и верската определба, се обединија во молитви и хуманитарна поддршка за настраданите од пожарот во „Пулс“ – истакна градоначалникот Пичинели споделувајќи ги искуствата за солидарноста и заедништвото што во Неиве по трагедијата во Кочани на 16 март…
Делегација од италијанската општина Неиве денеска престојуваше во посета на Македонска Каменица. Делегацијата, предводена од градоначалникот Паоло Пичинели, заедно со заменик-градоначалничката Луиза Бофа и членката на Општинскиот совет, Силвана Трајановска, беше примена во кабинетот на градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Средбата помина во пријатна и срдечна атмосфера, како можност за меѓусебно запознавање, размена на искуства од работата на локалните самоуправи и во разговор за можностите за воспоставување соработка меѓу двете општини. Од Општината посочуваат дека ваквите средби се значаен чекор кон градење нови пријателства, поврзување на локалните заедници и отворање можности за заеднички иницијативи во иднина. Градоначалничката Стаменкова им…
Историска реформа за Армијата: Професионалните војници и по навршувањето на 45 години старост ќе останат во служба до пензионирање Владата на денешната седница донесе реформа со која трајно се решава статусот на професионалните војници во Армијата. Со новото решение се овозможува професионалните војници по навршувањето на 45-годишна возраст да продолжат во редовите на Армијата се до исполнување на условите за пензионирање. Од Владата посочуваат дека со оваа реформа се става крај на долгогодишната неизвесност за оваа категорија припадници на Армијата и се отвора ново поглавје во грижата за луѓето кои и служат на татковината. Како што е соопштено, решението е…
Градоначалникот Иван Гоцевски ја пречека делегацијата од италијанската општина Неиве – договорена соработка во повеќе области Делчево денеска беше домаќин на делегација од италијанската општина Неиве, предводена од градоначалникот Паоло Пичинели и неговата заменичка Луиза Бофа. Делегацијата беше пречекана од градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски. Средбата во кабинетот на градоначалникот поминала во пријателска атмосфера, со фокус на поврзување на двете општини. „Средбата помина во духот на искрена блискост, пријателство и меѓусебно разбирање, со заедничка желба за поврзување на нашите општини и граѓани“, истакна градоначалникот Гоцевски. Тој посочи дека гостите и пред посетата на Делчево негувале голема почит кон Македонија и…
