„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење. Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица: Грчки гробишта – 06:30 о.Мартин Гробишта село Саса…
Author: Media Point
Знаете ле дека, коку и да искате некоаш да скриете дека се осиштате среќни или тажни, едноставно не бива. Мош на прв поглед да ви изглеа дека тај пред вас сте го излажали, ама нема врска…никоаш не е така. На секој од нас, буквално на секој на лицето му се глеа тагата, маката или среќата. Лажните насмевки, тонови шминка или претераното смеање само ја истакнуваа и потенцираа тагата што у себе ја носиме. Никогаш немојте да се китите со туѓи перја, оти секоаш не ви прилегаа. Бидете природни и свои. Што и да осиштате, никој нема да ви го земе,…
Ве заболел заб во лош час? Следете не, советуваме како да ја намалите болката додека да отидете на заболекар. И, не заборавајте, при прва можност посетете го заболекарот! Забоболката често ја предизвикува парченце заглавена храна. Обидете се да го отстраните со забен конец и темелно миење на забите. Освен тоа добро е енергично да правите гаргара со млака вода. Држете ја устата затворена, дури и ако забите ве болат кога се допираат. Низ отворената уста влегува ладен воздух, а тоа ја засилува болката. Земете парче вата, натопете го со масло од каранфилче или со капка етерично масло од нане и…
Речиси 30 проценти изнесува сивата економија во Бугарија, покажува истражување на ММФ, според кое, официјална Софија е прва во ЕУ според овој показател. Во истражувањето на ММФ со кое се опфатени 158 држави во светот, се наведува дека во Бугарија во 2017 година на сивата економија отпаѓале 29,6 отсто. По Бугарија се Турција со 27,2 отсто и Романија со 26,3 проценти. Просечното ниво на сивиот сектор во Бугарија за периодот 1991-2015 година изнесувало 29,17 отсто. Романија, за тој десетгодишен период во просек сивата економија изнесувала 30,14 отсто, а на Малта 29,8 проценти. Надвор од ЕУ, слични вредности за сивата економија…
Кратка репортажа од традицијата и случувањата од десетото издание на малешевскиот карневал „Ратевски бамбурци“. Извор: Kanal77
СУПЕР ПОНУДА: Еднодневни патувања со ЛИБЕРО ТРАВЕЛ по повод Денот на вљубените По повод Денот на вљубените и виното, за сите Вас, Либеро Травел овој викенд организира неколку еднодневни екскурзии во соседна Бугарија. За во недела на 11. Февруари 2018, имаат одредено повеќе пакет дестинации, со цел да ги задоволат љубопитноста и вашите желби за убави патувања.Во продолжение на текстот разгледајте дел од нив: РИЛСКИ МАНАСТИР – БЛАГОЕВГРАД – МЕТРО Тргнување во 05:30 часот, од пред ТА „Либеро Травел“ – Кочани. Патуваме преку граничен премин Делчево со кратки попатни паузи и цариски формалности. Пристигнуваме во Рилски Манастир во 09:00 часот,…
Сиромаштијата дефинитивно е најголем поттикнувач на креативноста. Доказ за тоа е крадецот во Kина кој украде 800 метри бетонски асфалт и го продаде на фирма за градежништво за околу 600 евра. Како оправдување, крадецот од Кина, со чудење изјавил: Па што, патот никој не го користеше. Зошто некој да не ги извади камените блокови, да ги продаде и да земе некоја пара од него… До разјаснување дошло, кога жителите на селото Санкеш пријавиле дека исчезнал патот. Селаните прво помислиле дека патот се обновува, но полицијата наскоро потврдила за што се работи. Сега селаните од селото Санкеш бараат тој да биде…
Од Авто мото сојузот на Македонија јавуваат дека сообраќајот, по денешните поголеми одрони на патниот правец Македонска Каменица – Кочани, е нормализиран. Екипите се уште се на терен и будно ја следат состојбата на критичните места. ГП „Гранит“ интензивно продолжува со чистење на веќе постоечките одрони на делницата, заради кои во текот на денот сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Македонска Каменица – Кочани кај месноста Драки, има ново свлечиште поради што сообраќајот е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Веќе неколку денови ГП „Гранит“ работеше на расчистување на веќе постоечките свлечишта во тој дел, кои претставуваа навистина голем проблем за возачите при поминуање на оваа делница. Најверојатно во моментов се работи на расчистување на камените одрони, се со цел за непречено одвивање на сообраќајот и ставање на тој дел од коловозот во целосна функција. Со повеќе информации во текот на денешниот и утрешниот ден, веднаш по нивното пристигнување во нашата редакција. www.kamenica.mk
Вашиот долгогодишен партнер, кабловскиот оператор К.Нет, има специјална понуда за Вас. Не пропуштајте ја можноста и пристапете кон ексклузивните пакети кои важат само за Македонска Каменица. К.Нет е ваш дигитален сервисен провајдер кој создава екстра поволни услови за одлична телевизија и интернет услуги години наназад. Со новите поволности и постојаната грижа за своите корисници, долгогодишни клиенти и партнери, „К.Нет“ останува Кабловски и интернет провајдер број 1 во Македонска Каменица. НИВНАТА ТОП ПОНУДАТА ЗА ВАС СОДРЖИ: СО СЕКОЈ ПАКЕТ 6 МЕСЕЦИ ПЛАЌАТЕ САМО ПОЛОВИНА СМЕТКА БЕСПЛАТЕН РИСИВЕР со секој пакет од дигиталната телевизија ИНТЕРНЕТ (20/10Mbps) + 80 ДИГИТАЛНИ КАНАЛИ за само…
