05.02.2018 каменица.мк Екипите на КК Баскет Кам одиграа одлични натпревари во текот на изминатиот викенд. Во машка конкуренција од М-18 категорија, извојуваа повеќе од убедлива и рутинирана победа против силната екипа на КК ФМП од Скопје, со конечен резултат од 79:55. Најмладите пак, момчињата од М-12 категорија, беа и најуспешни. Тие на својот прв официјален натпревар, успеаа да слават на гостински терен против силниот МЗТ Скопје. Запишаа конечни 33:41 за една од најзначајните победи на КК Баскет Кам. Младите надежи од Македонска Каменица успеаа со одлична игра во текот на целиот натпревар, како во нападот така и во одбраната, да…
Author: Media Point
Вчера во 16 часот и 50 минути 57- годишниот Д.М во полициската станица Гази Баба пријавил дека истиот ден во времето од 07 и 45 до 15 часот и 15 минути на улица “Архимедова“ поточно во близина на црквата “Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда од страна на непознат сторител извршена била кражба на патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици. Кражбата сторителот ја извршил на тој начин што влегол во помошната просторија од црквата и од јакната на Д.М. која таму била закачена одзел мобилен телефон, клучеви од возилото и без да биде забелажан од никого заминал од местото…
ЕВН Македонија од почетокот на годинава почна со доставување на фактурите со нов изглед до корисниците. Новиот дизајн на корисниците им овозможува лесно читање на сите податоци кои се составен дел на фактурата. На првата страна во горниот дел се напишани податоците за корисникот и фактурата. Транспарентно е прикажана потрошувачката на електрична енергија во ниска и висока тарифа, изразена во kWh и денари. Дијаграмот во долниот лев дел јасно покажува каде и во колкав процент одат средствата кои ги плаќаме за потрошена електрична енергија. На втората страна се напишани совети за штедење, начини на плаќање на фактурата како и упатство…
04.02.2018 каменица.мк Саса со 3:0 ја победи младинската екипа на Академија Пандев во вчерашниот пријателски натпревар, кој се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. Иако теренот беше тежок и со лоши услови за игра, двете екипи прикажаа одличен фудбал. Особено забележителна беше промената во играта на домашната екипа, каде брзината и динамичноста се новата одлика на подмладениот тим . Тие уште во првиот дел поведоа со 1:0, со навистина убавиот гол на Никола Димовски. Во вториот дел за Саса стрелаа и Дамјан Ивановски и Ефтим Аксентиев за конечни 3:0. За посебно внимание и издвојување од вчерашниот натпревар е одличниот…
04.02.2018 каменица.мк Заради обилните дождови во изминативе неколку денови и зголеменото ниво на речниот водостој во коритото на Црна Река во село Костин Дол, дојде до општетување на дел од мостот кој моментално е во градба. Надлежните со известување и предупредување до месното население, дека движењето преку мостот и користењето на вообичаениот пат до село Костин Дол, во моментов е оневозможено. Непрекинато се работи на решавање на овој настанат проблем и неприлика, екипите веќе се на терен. Месното население може да го користи алтернативниот пат, преку месноста (Стара) Круша, односно стариот пат користен за потребите на поранешниот рудник за јаглен.
Министерот за транспорт, Горан Сугарески во Топ Тема на Телма,меѓу другото изјави: – “Знаете ли колку краделе Груевци, еве ви пример, канализациониот систем во Виница го предвиделе да чини 18 милиони денари, а сега тендерот го доби фирма за 7 милиони денари, значи само од малата Виница сакале да украдат 11 милиони денари, па сега множете по сите големи општини во сите други сектори, значи пола од буџетот се крадел…”
02.02.2018 каменица.мк Утре, сабота 03. Февруари, на градскиот стадион во Македонска Каменица, со почеток од 13:00 часот, екипите на ФК Каменица САСА и ФК Академија Пандев од Струмица ќе одиграат контролен пријателски натпревар. Овој пријателски натпревар е од особено значење и важност за двете екипи, бидејќи ќе биде искористен од стратезите и стручните тимови, за проверка на тактичката поставеност на теренот и моменталната кондициона и техничка спремност на поголемиот дел од фудбалерите. Во зимниот преоден рок дел од играчите, останаа без ангажман и си заминаа од тимот на ФК Каменица САСА, но од друга страна, тимот е видно засилен…
Планот на ЕУ е во своето членство да прими шест држави: Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ, но и самопрогласената држава Косово, пишува „Фајненшел тајмс“. Според наводите весникот, главната причина за ваквиот потег во Брисел е тоа што Балканот служи како главен „терен”, преку кој илјадници мигранти доаѓаат на територијата на ЕУ. Исто така, стратезите на ЕУ стравуваат дека Русија опасно ја шири својата зона на влијание, токму на територијата каде што традиционално веќе има свои сојузници. Забележано е, наведува весникот, дека Москва почнала цинично да коментира за ветувањата што ЕУ им ги дава на земјите од Западен Балкан…
02.02.2018 kamenica.mk Триесетгодишен осуденик од струмичкиот затвор кој бил пуштен на домашно отсуство, починал од струен удар кога се обидел да украде електрични кабли од трафостаница во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
Се информираат сите физички и правни лица, даночни обврзници од Македонска Каменица, кои имаат неплатен долг по основ данок на имот или комунална такса- фирмарина да извршат уплата најдоцна до 15.02.2018 година, во спротивно согласно Законот ќе се пристапи кон присилна наплата на долгот преку деловните банки. Даночните обврзници, својот долг можат да го проверат во Одделението за финансиски прашања, даноци, такси и други надоместоци на Општина Македонска Каменица, соба бр. 11 или на телефон 033/432-741, локал 120. Со почит, Одделение за финансиски прашања, даноци, такси и други надоместоци Општина Македонска Каменица
