Author: Media Point

Најновото истражување на „University of Alberta“ во Канада вели дека ефектот на 1 чаша црвено вино може да се спореди со цел час вежбање во теретана. Причината лежи во тоа што ресвератролот кој е присутен во црното вино има антиинфламаторно кардиопротективно и антиканцерогено дејство, а освен тоа го намалува и нивото на шеќер во крвта, па може да го „оживее“ организмот слично како по еден час поминат во физичка активност. Прочитајте повеќе на: MMС.МК

ПОВЕЌЕ ...

Во поголем дел од државата утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Лазарополе со -7 степени, а најтопло во Дојран каде утринската температура е три степени. Во Маврово се измерени -6 степени, во Крушево и Берово -5, во Крива Паланка -4, во Ѓуриште и Пожаране -3, во Тополчани и Претор -2 и во Македонска Каменица, Виница и Струмица -1 степен. Нула степени се измерени во Демир Капија, Дебар, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и Битола, а над нулата температурата утринава е во Гевгелија и Скопје каде се измерени 2 степена. Утринава во западните планински делови се уште има врнежи…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, 15 Февруари четврток, со почеток од 12 часот, во кругот на ЈП „Камена Река“ во Македонска Каменица, ќе бидат извлечени добитниците од наградната игра огранизирана за корисниците кои редовно ги плаќаат своите комунални такси. Во наградната игра учествуваат сите корисници кои ја имаат платено својата комунална такса заклучно со 31 Декември 2017 година. Корисниците кои ги имаат платено своите сметки и комунални такси кон ЈП „Камена Река“, можат да ги очекуваат следниве награди: Прва награда:   ТЕЛЕВИЗОР Втора награда:   ПРАВОСМУКАЛКА Трета награда:   ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА Наградната игра и извлекувањето на талоните е од јавен карактер. Секој еден талон е потенцијален добитник…

ПОВЕЌЕ ...

На задоволство на граѓаните во Македонска Каменица, годинава започна со работа новиот „Наш Маркет – Караман“. Маркетот се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на градот, на површина од над 70 m/2. Маркетот работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 21:00 часот навечер, недела од 08:00 часот наутро до 18:00 часот напладне. „Наш Маркет – Караман“ ќе функционира според потребите и барањата на своите потрошувачи и во согласност со ритамот на современото живеење. Одличната услуга, ниските цени и квалитетот на производите што ги нуди „Наш Маркет – Караман“, веќе се докажана политика на…

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, синоќа пред преполна сала во Домот на културата, организираше бесплатен концерт на класична музика од современи автори, во изведба на  симфонискот оркестар при ООМУ „Ристо Јуруков“-Кочани. https://youtu.be/pBYcxg5noZ8 – Новата сала при Домот на културата дава идеални услови за вакви изведби. Вечерва имавме можност да проследиме една прекрасна изведба. Беа исполнети дсет дела од современи автори. Овој концерт го посветивме на празникот на виното и љубовта, рече Огнановски, директор на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица Најави дека во организација на КИЦ „Романса“ во текот на овој месец следуваат и други културни настани. – Веќе за…

ПОВЕЌЕ ...

14 февруари 2018 Цел Стамбол твој да е, пак, ти е срцето овде, во Маџир Маало во моето Делчево. Тоа се спомени од едно детство, од една младост, спомени кои се длабоко врежани во душата, за едно време кое, колку и да било сиромашно, ти ја грее душата, секогаш и секаде, носталгично ја започнува својата животна приказна на чист делчевски дијалект познатиот делчевски Турчин, 75-годишниот Фикрија Бора кој сега со семејството живее во Истанбул. Тој и за новогодишните празници се врати од Истанбул, во родното место, за да ги посети другарите и маалото каде го поминал детството. – Јас сум…

ПОВЕЌЕ ...

На 31 јануари 2018 година, Министерството за економија распиша јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети во домаќинствата. Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредснот – стои во огласот. Право на учество на овој јавен оглас имаат купувачите кои имаат…

ПОВЕЌЕ ...

Среќата удри и во Штип. Популарната грепка „златна рипка“ на штипјанецот Николче Лозов  му донесе половина милион денари. Додека да дојде до големите парите, Лозов претходно изгребал две грепки на кои добил по 50 денари. Истите, веднаш ги заменил за нови и едната од нив  во себе криела големо богатство. Среќен за него бил бројот 27, под чие поле се криела сумата од 500.000 денари: Маж и жена дојдоа 20 минути по отворањето на дуќанот, гребеа неколку пати и на последната им се падна добивката, рече Глигор Самарџиски, продавач во трафиката каде е изгребана грепката. Инаку, Лозов среќата со гребење…

ПОВЕЌЕ ...

Експертите ги презентираат основните факти за улогата на водата во системот на правилна исхрана и ги споделуваат некои важни тајни за тоа како правилно да се одржува водниот баланс, за да не дојде до крајности. Одамна престанавме да пиеме вода само кога сме жедни. Потрошувачката на чиста вода за пиење е на својот врв на популарност, а денес се што се случува и исклучително важно е да се знае колку, кога и како да се пие течноста и кои се придобивките за здравјето кои ги добиваме, ако почнеме да ја пиеме предодрената количина од 2 литри. Два литра дневно или помалку? Ние…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва со почеток од 19:00 часот, во Дом на култура – Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ ќе се одржи концерт на симфонискот оркестар при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани. На концертот ќе бидат изведени инструментални теми од класични и современи автори. Од КИЦ „Романса“ известуваат дека влезот е слободен и замолуваат за регулиран звук на вашите мобилни телефони.

ПОВЕЌЕ ...