Author: Media Point

Несекојдневна сообраќајка се случи утринава на скопските улици. Според објавените фотографии на Ѕидот на сообраќајниот срам, полициски автомобил удри во камион на Партизанска. Причинета е мала штета и нема повредени.

ПОВЕЌЕ ...

Понекогаш е тешко да се прифати националната историја. Причините се различни: граѓанска војна, политичко угнетување или едноставно промена на вредностите, а спомениците и другите траги од минатото често нè потсетуваат дека она што ни било блиско во минатите векови не мора да се се совпаѓа со она што го почитуваме денес. Малиот италијански град Болцано може да биде модел за справување со таквите проблеми. Неколку децении, градскиот оддел за финансии бил сместен во зграда од фашистичката ера, со масивна скулптура – релјеф што го прикажува Бенито Мусолини на коњ и на кој пишува „Credere, Obbedire, Combattere” (Верувам, се покорувам, се…

ПОВЕЌЕ ...

Суво и релативно топло ќе биде до четврток. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината. Утринските температури утре ќе бидат ниски, а преку ден температурата ќе го достигне 15-тиот степен. Во Каменица максималната температура утре ќе достигне до 10 степени. Веќе од четврток се очекува зголемување на облачноста и опаѓање на температурата на воздухот. Од следниот викенд, УХРМ најавува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.

ПОВЕЌЕ ...

27. Јануари 2018 каменица.мк Посегнувањето по еден сосема обичен антибиотик за малку ќе завршело кобно за 38-годишниот Миле Здравков. Овој човек кој имал и рецепт за лекот отишол во најблиската аптека каде секогаш ги набавувал лековите за себе и своето семејство, но еден час откако го испил антибиотикот, сфатил дека нешто не е во ред. „Почувствував мала вртоглавица, болки во стомакот, се јави главоболка, а пулсот ми беше многу забрзан. Сфатив дека ќе се онесвестам, но претходно успеав да повикам брза помош која, за среќа, пристигна навреме“, раскажува Миле. Тој вели дека лекарската екипа веднаш утврдила оти станува збор за…

ПОВЕЌЕ ...

27. Јануари 2018 каменица.мк Единаесет градоначалници од Источниот плански регион и претставници од повеќе министерства и од 25 до 27 јануари ќе ги посетат парковите на природата „Беласица“ и „Рилски Манастир“. Предвидена е и средба со градоначалниците на Петрич и Благоевград од Република Бугарија, со цел размена на искуства во однос на управувањето со заштитените подрачја. Студиската посета е организирана преку Програмата за зачувување на природата во Македонија со цел клучните чинители од ИПР да се запознаат подетално со начините на кои се управува со заштитени подрачја со различни категории на заштита. Во оваа прилика градоначалниците директно од нивните бугарски…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за образование и наука ги повика наставниците од одделенска настава да достават предлози и коментари за новите наставни програми што се предвидуваат во основното образование. „За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата кои секојдневно се вклучени во образовниот процес, наставниците. За таа цел, Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за…

ПОВЕЌЕ ...

Со оглед на фактот дека поголемиот дел од марихуаната која се консумира во САД е дојдена преку Мексико од каде по разни линии се криумчари од седум тамошни картели кои го делат бизнисот, истражувачите сакале да дознаат како новата легислатива влијае врз стапките на криминалот. Во американските федерални држави во близина на границата со Мексико во кои марихуаната е легализирана за медицински употреби, криминалот поврзан со овој производ е намален во просек за 13%, обелоденува студија објавена во Економски журнал. Најголем пад од 15% забележува Калифорнија. Економистката Велина Гаврилова, која е автор на студијата, објаснува дека новите прописи на фармерите им…

ПОВЕЌЕ ...

Пензија ќе земаат и оние што немаат 15 години стаж, но само ако немаат други приходи. Најверојатно износот ќе биде 40 отсто од просечната старосна пензија или близу 6.000 денари. Мерката ќе стартува најдоцна до 2020 година. Ова е едно од ветувањата на СДСМ во предизборната кампања за кое веќе се работи во Министерството за труд и социјала. Иако голем дел од граѓаните, посебно оние што спаѓаат во оваа категорија лица, веднаш ја поздравија одлуката, сепак, се отвара прашањето дали ова е еден вид контрадикторна политика на Владата во услови кога дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ)…

ПОВЕЌЕ ...

Теодора Атанасова беше второпласирана на турнирот „Фелдкирх трофи“ во Виена Иако има само 13 години, Теодора Атанасова испиша историја за македонскиот спорт, станувајќи првата Македонка која освоила медал на меѓународно натпреварување во уметничко лизгање. Младата кочанчанка, која живее во Австрија, го оствари тоа на турнирот „Фелдкирх трофи“, што се одржа во Виена, каде што се закити со сребрен медал. Атанасова почна да покажува значителен напредок откако пред една година почна да работи со прославениот руски тренер Сергеј Громов, кој вели дека во иднина очекува уште подобри резултати од неа. Ова ќе може да го докаже во наредниот период, кога ја…

ПОВЕЌЕ ...

Ренова видно се засилува за пролетниот дел од сезоната. Каменичанецот и младински репрезентативец, Влатко Стојановски кој доаѓа од редовите на хрватскиот РНК Сплит од пред неколку денови е дел од екипата на Ренова. 20-годишниот Стојановски се договори за двегодишна соработка со Ренова, откако се одлучи на завршување на соработката со Сплит. Претходно младинскиот репрезентативец во домашното првенство настапуваше за ФК Каменица- Саса од родната Македонска Каменица и за Металург од каде во 2016 година се пресели во Хрватска. Влатко Стојановски, кој игра во офанзивната линија, e стандарден член на актуелната младинска селекција на Благоја Милевски, денеска го постигна и својот…

ПОВЕЌЕ ...