Author: Media Point

Камерниот оркестар од Благоевград со диригентот Христо Христов вечерва одржа целовечерен концерт. Концертот е дел од одбележувањето на 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој е патрон на градот Делчево. Како што истакна диригентот Христов концертот е микс на разни жанрови музика за сите генерации, -Се претставуваме со многу разнобразна програма, преткласика, класика до романтична музика од многу автори од многу држави една многу интересна програма, во рамки на еден час. Се надевам посетителите уживаа во нашиот настап, рече Христов. Поканата за концерт во чест на сесловенските просветители Христов ја прифатил со задоволство, бидејки како…

ПОВЕЌЕ ...

Од 27 мај до 1 јуни во Кочани ќе се одржи по 60. пат познатиот Драмски аматерски фестивал – ДАФ. Фестивалот се фокусира на македонските аматерски театарски групи, но во последните години, стана препознатлив и надвор од границите на земјава, па пријавите за учество на фестивалот расте. Приоритетот на домашната продукција останува, но ќе има и гостувања од САД, Србија, Грција, Бугарија… А фактот дека фестивалот годинава одбележува голем јубилеј покрај театарската програма, предвидени се и настапи на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби и промоции на книги. Во официјална конкуренција се 16 селектирани театарски претстави од Македонија…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24. Мај 2019 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова на сите граѓани им го честита 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Воедно на сите ученици, просветниот и наставнички кадар при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ им го честита патрониот празник на училиштето и Денот на просветните работници. Во честитката од градоначалничката Стаменкова се вели: Почитувани сограѓани, Со посебно задоволство Ви го честитам денешниот празник на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Значењето на вонвременското дело на светите браќа Кирил и Методиј и денес, од оваа временска дистанца ја…

ПОВЕЌЕ ...

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги одреди казните за контроверзната завршница од државното првенство за кошаркари до 14 години. Според членот 20 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, претседателот на клубот Сашо Лазаров се казнува со суспензија за вршење на должност во период од четири години. Според членот 21 од дисциплинскиот правилник на МКФ од ноември 2009 година, клубот Дино Баскет се исклучува од понатамошно натпреварување и се изрекуваат неколку казни во делот на ретроактивно оземање на сите спортски пласмани (табеларни 1, 2 и 3 место во период 2017, 2018 и 2019 година)…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 23. Мај 2019 година – Минатиот викенд, стадионите во Македонска Каменица и Горни Подлог беа исполнети со богата фудбалска програма, дел од завршните турнири од Детската лига – Исток во повеќе категории од 2006/2011 година. Детските екипи на ФК Каменица Саса на овој завршен турнир, во трите натпреварувања по категорија освоија три пехари. Во 2006/07 се најдоа на второ место, додека во категориите 2008/09 и 2010/11 освоија трето место. Учество на завршниот државен турнир кој ќе се одигра на терените на ФФМ во Скопје обезбедија екипите на ФК Каменица САСА од категориите 2006/07 и 2010/11. Ова е значаен…

ПОВЕЌЕ ...

Општинското основно училиште во Македонска Каменица кое го носи името на светите браќа, словенските просветители Кирил и Методиј, го објави распоредот од активности по повод претстојниот патронен празник на установата. Богатата културно-уметничка пригодна програма и спортските активности по повод патрониот празник на ООУ„Св. Кирил и Методиј“, се предвидени за 23. Мај 2019година, во четврток. Спортските активности се со почеток во 09:00 часот во спортската сала од училиштето. Во 12:30 часот започнува ликовната изложба во Домот на култура, каде културно-уметничката програма продолжува со пригодна програма од 13:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22. Мај 2019 година – Според претходно утврден Правилник за доделување на стипендии на ученици од основно и средно образование и студенти запишани на државни училишта и универзитети, општина Македонска Каменица, ја објави Ранг Листата на кандидати за оделување на стипендии. Стипендиите покрај зголемениот број на ученици и студенти, од минатата година се и со зголемен месечен финансиски износ. Учениците и студентите, добитници на општинска стипендија, од минатата догина добиваат стипендиски износ од3000 денари. Во продолжение го објавуваме добиеното известување од општина Македонска Каменица во целост, со напомена дека рокот за жалби врз основа на објавената ранг листа…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска времето ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд претежно попладне и кон крајот на денот. Ќе има и појава на грмежи и краткотрајно засилување на ветерот. Дневните температури ќе бидат во Македонска Каменица 26 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 22, Битола 25, Кавадарци 26, Крива Паланка 23, Берово 21, Дојран 27 степени. Утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, со услови за краткотраен дожд на северозапад и дневни температури од 15 до 28 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Научниците веруваат дека предвидувањата за подигнувањето на нивото на светските мориња како последица од глобалното затоплување се погрешни и дека ситуацијата, со оглед на забрзаното топење на мразот на Северниот и Јужниот Пол, всушност е уште поалармантна. Долго време се веруваше дека нивото на светските мориња до 2100 година, поради топење на мразот на половите, би можело да се подигне за помалку од метар. Но, новото истражување, базирано на мислењето на експертите, носи нова проекција на порастот на нивото на морето, а таа е всушност двапати поголема за истиот период. Авторите на истражувањето веруваат дека во ваквите сценарија стотици милиони…

ПОВЕЌЕ ...

Луѓето кои ги засладуваат млекото и чајот и им додаваат млеко или шлаг, во организмот внесуваат дополнителни 69 калории. Ова го покажало истражување спроведено од американски научници. Па, кога во кафето се додава шеќер или млеко, па дури и двете, тоа станува навистина калоричен пијалак. Научниците истакнале дека според истражувањето, 68% од љубителите на кафе и 33% од љубителите на чај ги пиеле овие пијалаци со калорични додатоци. Во споредба со луѓето кои го сакаат кафето горко и без млеко, оние кои ги сакале додатоците внесувале 69 калории со секоја шолја. Иако можеби овој број не изгледа голем, сепак може…

ПОВЕЌЕ ...