Author: G B R
Сакајќи да направиме мал осврт кон секогаш актуелната тема за родовата еднаквост во академските кругови, но и вечната дилема на обичниот човек за поделбата на улогите на мажите и жените во семејството, домот, во работната средина и генерално во општеството, со посебен акцент на истата како важен морален принцип кој треба да се следи од страна на сите членови и субјекти во општеството, денес зборуваме со Соња Китановска Василевска – Експерт за бизнис системи и решенија во комерција (BSS Commercial Expert) во Пивара Скопје. Со диплома од Електротехничкиот факултет во Скопје, отсек компјутерска техника, информатика и автоматика, нашата соговорничка е…
Денес, Саса му гостуваше на пробиштипски Рудар како дел од последното коло на Трета фудбалска лига. Каменичани на ова рударско дерби патуваа со подмладен состав, бидејќи истиот не беше од некоја посебна важност за двете екипи. Очигледно, според составот на екипата, стручниот штаб на каменичани ја искористи шансата да им даде можност на младите, па така на голот целиот натпревар го одигра младиот Симон Стојковски. Како лев бек солиден натпревар одигра Михаил Јанев, а десното крило Предраг Спасевски беше стрелец на прекрасен гол од над 20 метри. Домаќините одиграа цврст натпревар во кој со посериозни повреди се здобија Цветко Јанев…
24 мај 2017 (kamenica.mk) Македонска Каменица Денеска е Св. Кирил и Методиј. Овие двајца светители се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кирил кој пред да стане монах се викаше Константин ги помина сите степени на тогашната наука. Брат му, пак, беше повеќе години управник на една област во струмичко. Двајцата имаа неколку мисии, што се опишани во Панонски легенди, двајцата беа монаси и двајцата се упокоија надвор од своето родно место, имајќи го целиот свет за свој дом, за мисионерско поле. За Словените се важни не само затоа…
Според пријавата на ракометарката на ЖРК Вардар, од станот и биле украдени 5.000 евра. МВР извести дека вчера во период од 19 до 22.15 часот крадец провалил во стан во Тафталиџе 2 каде како потстанар живее Андреа Лекиќ (1987) од Белград, ракометарка на македонскиот ракометен шампион „Вардар. Според пријавата на ракометарката, од станот и биле украдени 5.000 евра.
Народот рекол: Кој работи, тој и греши! Но, момциве претераа, погледнете како успеаа да срушат за “секунда” цела куќа, ама погрешната: https://m.youtube.com/watch?time_continue=2&v=rt9Lvi7-W8Y
Утре и во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме со појава на град се очекува да има утре. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови. Од четврток ќе дува и повремено засилен северен ветер, што ќе услови посвежо време. Од петок до недела ќе има повеќе сончеви периоди, а врнежите ќе бидат послаби и полокални.
Погледнете го аматерското видео полно со акробатика и лудории на двајца браќа и нивната грижа еден за друг: https://youtu.be/bpba7_GEjNE
Скопјанка повеќе од една година трпела уцени и била принудувана на интимни односи мислејќи дека ќе добие работа. Пред четири дена решила да стави крај на сексуалното изживување и малтретирање и случајот го пријавила во МВР. Скопската полиција поднела кривична пријава за уцена против 32 годишен жител на Скопје- известува Сител. Се почнало во март 2016 година, кога скопјанката се запознала со пријавениот кој и понудил работа во приватна клиника. И ветил и дополнителна заработувачка како домаќинка кај службеник во амбасада. По неколку дена од средбата и кажал на фејсбук да прифати пријателство од човек кој треба да и помогне…
Засега е потврдено дека загинаа 22 луѓе, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија веднаш по концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, потврди британската полиција која ова го смета за терористички напад. Нападот се случил околу 22:35 часот по локално време, на крајот на концертот кога Гранде заминала од сцената. Полицијата смета дека напаѓачот бил маж кој загинал во нападот, а носел импровизирана експлозивна направа што ја детонирал. Министерката за внатрешни работи Амбер Рад рече дека ова „варварски чин, чија намерна цел се најранливите“. Премерката Тереза Меј утрово ќе има итна средба со специјалните сили.…
Застанува автобусо на некоја станица, качуваа се патниците и автобусо полека кренува. Едно време патниците гледаа еден како трчи и маа раце да му сопре автобусо. Испуштил го… Почнали сите патници да му се смеат…он маа раце, они се смеат, заебаваа се и он никако да стигне да се качи. Едно време еден од патниците отвара џамо и од смешки едвај му вика: Застани бе, шо си се загнал, не бива ќе го стигнеш…само џабе трчиш, помочахме се сите у автобусо од смешки!!! А тај шо трчал полека застанува, веќе капнал, не можел да гони по автобусо и вика: Са…
