Петгодишната Ема Митревска од Македонска Каменица ја сними втората фестивалска песна „Мојата градинка“
Македонска Каменица – Петгодишната Ема Митревска од Македонска Каменица денеска ја сними „Мојата градинка“, нејзината втора песна за детскиот музички фестивал „Наша Ѕвезда“, соопштија од организаторите.

Од фестивалот порачуваат дека талентот не знае за години, а Ема ужива да игра и да пее на сцена. Таа ги поканува сите да дојдат да ја поддржат и заедно да се забавуваат.
Ема ќе настапи на сцената на фестивалот „Наша Ѕвезда“ во мај.

