Штипјани камен пијани ноќва дивееле во Кочани – едни завршиле во полиција, други во болница
Во 22:46 часот, на магистралниот пат Штип–Делчево се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Алфа Ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот А.С. од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата со телесни повреди се здобил 45-годишниот сопатник С.И., исто така од Штип, на кого му била укажана лекарска помош во Општата болница во Кочани.
При полициската контрола било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал дури 2,34 промили алкохол во крвта. По насока на јавен обвинител, А.С. бил лишен од слобода.
Неколку минути подоцна, во 23:10 часот, во селото Теранци, кочанско, полициски службеници го лишиле од слобода и 40-годишниот Н.С. од Штип. При контрола било констатирано дека управувал патничко возило „Пежо“ со кочански регистарски ознаки под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,52 промили алкохол во организмот.

