Три дена “Каменичко културно лето 2026” во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 21. Август 2026 година – Објавена е програмата за „Каменичко културно лето 2026“, кое ќе се одржи од 26 до 28 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.
Во рамки на тридневната програма се предвидени содржини за различни генерации, детски фестивал и претстави, настапи на културно-уметнички друштва, концерти и музичка програма со диџеи.
Дел од имињата кои ќе настапат пред граѓаните на Македонска Каменица се: Бојан Илиевски, Тајзи, Филип Александровски со бенд, Мирза Селимовиќ, BLUE и Ацо Пејовиќ.
Програма:
- 26 август 2026
19:00 – Детски фестивал „Ѕвездички“
20:00 – Културно-уметнички друштва
21:00 – Бојан Илиевски
22:30 – Тајзи
00:00 – DJ
- 27 август 2026
19:00 – Детска претстава „Жижи“
20:00 – Филип Александровски & бенд
22:00 – Мирза Селимовиќ
00:00 – DJ
- 28 август 2026
19:00 – Детска претстава „Биби и Боби“
20:00 – Бенд BLUE
22:00 – Ацо Пејовиќ
00:00 – DJ
Сите програмски содржини ќе се одржат на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.

