
Силна динамика на градежните активности во Македонска Каменица како никогаш досега.

Заврши асфалтирањето на локален пат во приградската населба Грчка маала во вкупна должина од околу 300 метри притоа поставувајќи цевки и пропусти на критични делови од патот.

– Во изминатиот период, во селските и приградските средини како и во централното градско подрачје имаме извршено пробивање на нови земјени патишта и реконструкција на веќе постоечките во вкупна должина од околу 18 километри, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски за градежната офанзива која се случува во повеќе населени места во општината.

Како одговорна локална самоуправа, додава Атанасовски, ќе продолжиме со рамномерното развивање секој дел од градот, со цел секој поединец и секое семејство да добие елементарни услови за подобар живот.


