Огромен интерес кај пензионерите од Македонска Каменица за реализираната акција за бесплатна проверка на крвна слика.

Акцијата беше спроведена по повод Светскиот ден на здравјето. Прегледите беа вршени во просториите на Здружението на пензионери во Македонска Каменица.

Средствата за реализација на акцијата се обезбедени од Здружението на пензионери во Македонска Каменица. Според информациите добиени од Здружението на пензионери спроведени се над 100 прегледи и проверки на комплетна крвна слика на пензионери од нашиот град.

