Во сабота на 16. Март 2024 година, во училишниот двор на ОУ “Гоце Делчев” во Виница, со почеток во 11:30 часот, ќе се одржи кампања за одговорно и безбедно детство во град Виница.
“Дизајнирај го својот БЕЗБЕДЕН СВЕТ. Дојди и КРЕИРАЈ го твојот сообраќаен знак!” е пораката која група на засеганати граѓанки од Виница ги повикуваат граѓаните и учениците да дојдат, заеднички да се организираат и да ги застапуваат правата на децата за безбедно движење кон и од училиште.

Цел на овој настан е да се апелира за зголемување на безбедноста на учениците надвор од училишните згради.
Активноста е непартиска граѓанска иницијатива во рамки на програмата „Girl’s power” како дел од проектот на граѓанската организација СИГА ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment”, кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

