
Еко акција на најмладите спортисти во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 05.06.2021 година – Светскиот ден на животната средина е најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина.
Светскиот ден на животната средина има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата.

По тој повод, денес во организација на општина Македонска Каменица најмладите членови од ЖФК Каменица САСА Фк Каменица Саса ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица спроведоа Еко акција на просторите од помошните спортски терени, повеќенаменските спортски игралишта, тениски терени и Градскиот кеј на Каменичка Река.

Правото на чиста и здрава животна средина, е фундаментално граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Затоа секој граѓанин е подеднакво должен да го штити, чува и унапредува природниот екосистем.


https://www.facebook.com/1249250158422658/posts/4605349426146031/
