„Google Chrome“ апликацијата за Андроид сега на корисниците им овозможува да прегледаат одредена интернет страница пред да ја отворат
Доколку сте ја ажурирале вашата апликација на верзија 89, доволно е да задржите со прст на одреден линк малку подолго и ќе ви се појави опцијата „Preview Page“, која моментално е достапна само за уредите кои работат на Андроид оперативниот систем.
Ова не е некоја голема иновација, но многу е корисна кога сакате да отворите одредена интернет страница, а не се сигурни што има на нејзе, или пак не саката да ја напуштите онаа страница на која сте моментално.
Инаку, пребарувачите „Safari“ и „Edge“ за „iOS“ веќе долго време имаат ваква опција, а ниту една од нив не бара влегување во додатно мени за да се активира.
