28 минути по полноќ регистриран е нив земјотрес во централна Хрватска, со епицентар кај Сисак.
Според првичните информации, земјотресот е со јачина од 4.2 степени по рихтер, а епицентарот на длабочина од 10 километри.
Во изминатите 24 часа регистрирани се неколку земјотреси кои имаат магнитуда над 4 степени.
Областа Петриња е погодена од над 750 земјотреси од крајот на минатата година, односно од 28 декември.
Првиот удар, што беше вовед во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случи еден ден претходно, на 28 декември.
