Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ф.Џ. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
На 17.10.2020 пријавениот, во дворното место на својот дом и надвор од него, организирал прослава по повод свршувачка, на која поканил и присуствувале поголем број лица.
