Македонска Каменица, 08.10.2020 година – Вчера е регистриран првиот позитивен случај кај просветен работник во каменичката гимназија “Миле Јаневски – Џингар”.
Станува збор за професор кој доаѓа од соседната општина Делчево. Последниот контакт со колегите од гимназијата, професорката го имала во минатата среда, при одржување на редовни состаноци и координации поврзани со почетокот на новата учебна година.
Од училиштето изјавуваат дека се почитувани сите мерки и протоколи за заштита од Ковид 19. Редовно се користени средства за дезинфекција и заштитни медицински маски при престојот во училиштето.
Според информациите од епидимиолошката служба при Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево, станува збор за асимптоматски случај на Ковид 19. Сите лица со остварен контакт во изминатите денови се изолирани и ги следат препораките на надлежните здравствени власти.
