Температура, болка во грлото, кашлица, болка во градите, слабост, ова се најчестите симптоми на заболените од коронавирус. Многу заразени исто така, некое време,ги губат сетилата за мирис и вкус.
Овој ензим би требало да ја игра улогата на влез, преку кој вирусот корона влегува во клетките на телото. И други студии укажуваат на тоа. За нивната студија, истражувачите испитувале ткива на 23 пациенти, на кои им биле отстранети за време на операцијата.
Пациентите кои не биле заразени со коронавирус биле оперирани за тумори или воспаление на синусите. Резултатите од нивното истражување дури би можеле да послужат како нов пристап кон лекување на заразените, напишаа експертите во научното списание “European Respiratory Journal”.
Резултатите, сепак, треба да бидат потврдени со дополнителни истражувања, рече Ендру Лејн од универзитетот Џонс Хопкинс:
„Ако се испостави дека е точно, тогаш може да ја победиме инфекцијата со антивирусни терапии, кои ќе бидат дадени директно во носот“. Тобиас Велте, од Клиниката за белодробни заболувања на Медицинскиот факултет во Хановер, не бил вклучен во истражувањето, но вели дека станува збор за „паметна студија“ која не само што објаснува губењето на чувството за мирис кај многу пациенти, туку овозможува и нови терапии.
Но, тој исто така верува дека се потребни дополнителни истражувања, заклучува ДВ.
Извор: 6yka.com
