Земајќи го во предвид развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести денеска ќе разгледува ново затворање на границите односно на состанокот се очекува да се разговара за евентуално повторно воведување на „нов режим“ со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Комисијата за заразни болести одговорно и активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во целиот регион и нормално највеќе во соседните земји каде ескалира состојбата па затоа можно е враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера рече дека одлуката за евентуално затворање на границите, нема да биде политичка.

Според последните податоци, во Србија изминатото деноноќие се регистрирани 359 нови случаи но и ова се дискутабилни бројки се очекува бројките да бидат многу многу повисоки затоа што Србија во изминатиот период покажа дека знае како да манипулира со бројките. Има примери дека се тестираат само оние со развиени симптоми и доколку е тоа така можете да замислите колку вкупно заболени има во Србија. Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.

Дека ситуацијата е сериозна потврдуваат и тамошните власти при што се надеваме дека комисијата за заразни болести ќе продолжи со професионалниот пристап да го заштитува здравјето на нашите граѓани.
