Македонска Каменица, 05. Јуни 2019 година – Три кошаркарки на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица се најдоа на списокот од кошаркарската репрезентација во женска конкуренција до 18 години. Моника Зафировска, Стефанија Колева и Бојана Попова се дел од составот на репрезентацијата на Македонија до 18 години.
Репрезентацијата до 18 години во женска конкуренција претстојниот петок ќе означи почеток на официјалниот дел од подготовките во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) кое за точно еден месец ќе се одигра во нашата престолнина, Скопје.
Првиот официјален тренинг е закажан за в петок (7. јуни) со почеток во 19:00 часот, во спортската сала „Независна Македонија“ при ОУ „Невена Георгиева – Дуња“.
- Тијана Митрева – Mercede Alghero
- Ивона Кожобашиовска – Mercede Alghero
- Албина Плакај
- Катерина Поп Димитровска – Бадел 1862
- Наталија Гаревска – Бадел 1862
- Матеа Николиќ – Stella Azzurra
- Илина Селцова – Ratgeber
- Матеа Атанасовска – Basket Stabia
- Елена Тасевска – Basket Stabia
- Теона Поп-Стојанова – Club Deportivo Promete
- Стефани Костова – Club Deportivo Promete
- Наталија Секуловска – Бадел 1862
- Сара Максимовска – Бадел 1862
- Стефани Колева – Баскет Кам
- Моника Зафировска – Баскет Кам
- Бојана Попова – Баскет Кам
- Габриела Модева – Струга 2009
- Марија Димитријевиќ – Club Deportivo Promete
- Ана Цветковска – Club Deportivo Promete
- Рина Салиу – Шкупи
