
Ренова го декласира Вардар со 4-0, за јавноста можеби и големо изненадување, но според прикажаното на теренот, сосема заслужен триумф на „гипсарите“. Силата на тимот е во колективот, вели Влатко Стојановски, но напаѓачот се издефинира како најдобар играч на 20.коло во Првата фудбалска лига.
Со погодокот против Вардар, Влатко Стојановски го презеде и врвот на листата на стрелците. Има 12 постигнати гола, еден повеќе од Бесарт Ибраими, кој е повреден и не настапува за Шкендија на стартот на пролетта.
„За секој напаѓач е важно да постигнува голови. И за тоа е повторно многу важен колективот, затоа што фудбалот не е индивидуална игра. Ќе се трудам на секој натпревар да го дадам максимумот, пред се Ренова да бележи добри резултати, а головите се моја работна задача“, истакнува голгетерот на Ренова.
ИЗВОР: MakFudbal.Mk

