Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии
Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2019), Министерството за економија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии
Предмет на јавниот повик е субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци согласно условите за субвенционирање кои се наведени на следниов линк.

