Кочани, 20.02.2019 година – Нема да има пари за кочанските советници, доколку отсуствуваат од седниците, донесе одлука Советот на денешната седница. Според, одлуката, едно отсуство од седница, секој советник ќе го чини 30 % од советничкиот паушал.
Отсуството од втора седница, автоматски ќе значи дека на неодговорниот советник, нема да му се исплати ниту денар месечен паушал.
Од друга страна, доколку советот во еден месец не одржи ниту една седница, тоа значи дека советниците воопшто нема да добијат паушал.
Досега на кочанските советници по основ советнички паушал месечно им се исплаќаше по 14.000 денари по советник или околу 270.000 денари за сите.
Како одлуката на Советот ја коментира градоначалникот Николчо
Илијев.
„Ја усогласивме нашата одлука со законските определби. До сега советниците биле редовни на седниците и очекувам и во иднина да биде така“ изјави Николчо Илијев градоначалник на О. Кочани
