Кочани, 01.02.2019 година – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Т.(32) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” и четири кривични дела ,,тешка кражба”.
На 18.12.2018 година околу 20.00 часот во Кочани, во домот на М.М.(66), пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво при што одзел златен накит, мобилен телефон и пари. Во периодот од 06.12.2018 до 03.01.2019 година на подрачјето на Кочани, пријавениот извршил четири тешки кражби во куќи, при што одзел златен накит, пари и мобилни телефони.
