Полицијата казни осумнаесет возачи кои на мразот и лизгавите патишта, дополнително зад воланот седнале пијани.
Вкупно, во полициската акција за алко контрола дувале 147 возачи, а тестот не го поминале само 18:
„ Во текот на 26/27.01.2019 година во периодот од 23.00 -04.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола (147) кај 18 возачи е утврдено присуство на алкохол. Истите се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Откриени се и 20 останати прекршоци, истите се санкционирани“изјави Гордана Панајотова- портпарол на СВР Штип
Освен за пијани возачи казни ќе се пишуваат и за непочитување на сообраќајните правила и прописи
„СВР Штип спроведува и ќе продолжи со засилени контроли за откривање, спречување, како и санкционирање на овој и на останатите видови на прекршоци, како брзина на движење, првенство на минување, неправилно престигнување, непрописно престројување, прекршоци кои придонесуваат за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици“ изјави Гордана Панајотова- СВР Штип
Наброените прекршоци се најчести причини за сообраќајни несреќи со тешки последици и за многу повредени и загинати.
Оттука, апелите за внимателност и почитување на сообраќајните правила и прописи треба да се сфатат крајно сериозно.
