10.450 евра над дозволениот износ од 10.000 евра во денарска противвредност, се откриени при контрола на бугарски автомобил и личен претрес на возачот, бугарски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево. Возачот пријавил дека со себе носи 7.000 евра, но при контролата извршена во соработка со полициските службеници од граничниот премин, во џеб од неговата јакна биле пронајдени 10.000 евра и 920 левови, додека во ташничка сместена меѓу предните седишта биле пронајдени уште 10.000 евра. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 9.550 евра и 920 левови, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот прекршок е поднесено е барање за поведување прекршочна постапка.
