
Лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари.
За дел од нив, како што посочуваат, пазарот им е единствена егзистенција. Тие бараат да се одложи или да се повлече законот.
Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.
