
Виница, 18.01.2019 година – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.J.(52) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
На 30.12.2015 година пријавениот во Одделението за управни работи Штип-Виница поднел барање за издавање на Уверение за жителство, при што дал лажна изјава и ја употребил за издавање на потврда за повратник, во врска со постапката за идентификација на моторно возило, кое било во негова сопственост.
Извор: Дневен билтен на МВР

