Со потпишаниот договор од вчерашниот ден, на компанијата Wizz Air ќе и се исплатат 5 милиони евра за период од 2019 до 2022 година како вид на субвенции.
Она што е најново и што го најавија од компанијата и од македонските власти е дека Wizz Air ќе добие осум нови дестинации за летање од Македонија. Од Скопскиот аеродром од март ќе се лета кон Баден Баден и Бремен Германија, од Охрид до Милано и Малме. Потоа во текот на месец јули од Охрид ќе стартуваат линиите кон Мемингем и Дортумнд, а од Скопје кон Ларнака на Кипар и кон Турку во Финска. Билетите ќе се продаваат по цени што ќе почнуваат од 1164 денари или 20 евра.
