Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово. Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица, -11 Прилеп и Маврово, -10 Крушево, -9 во Македонска Каменица, -8 во Крива Паланка, -7 во Демир Капија, -6 во Претор, минус пет Охрид, -4- Тетово, Скопје Петровец и Куманово,
Врнежи имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, Ѓуриште, Прилеп, Тетово и Лазарополе, а снежната покривка највисока е во Маврово 65 сантиметри, 30 Крушево, 27 Битола, 24 Тополчани, 12 Ѓуриште, 11 Пожаране и Лазарополе, 10 Демир Капија и Берово, седум Прилеп и Струмица, три Претор, два Штип, Крива Паланка и Тетово, до еден сантиметар во Куманово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, информираат од управата за хидрометеоролошки работи, особено во северните делови, каде ќе има слаби врнежи од снег.
Во Македонска Каменица ќе преовладува облачно време со повремено провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 1 степен над нулата.
Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени Целзиусови.
