На иницијатива на општина Македонска Каменица, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица, во петок (28. Декември 2018), ќе се оддржи хуманитарен новогодишен базар.

Ова е тематски базар, организиран по повод Новогодишните и Божиќните празници, а ќе се оддржи во училишниот двор на основното од 11 часот и во средното училиште од 11.00 часот. Сите новогодишни украси ќе се продаваат по симболични цени и покрај граѓаните, ќе бидат вклучени и локалните фирми, установи и институции.
Сите соберени средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
