
По синоќешните големи камени одрони, кој настанаа во 18:30 часот, патниот правец Каменица – Делчево, кај м.в Црна Точка во село Илиово, сеуште е во застој.
Екипите на Македонија Пат со крупна градежна механизација, утрово пред 8 часот започнаа со расчистување на камените одрони од двете коловозни ленти, при што се очекува во текот на денот сообраќајот да биде нормализиран.
Возачите кои сообраќаат на овој патен правец, како и оние кои возат кон Кочани, се предупредуваат да управуваат внимателно и со прилагодена брзина според зимските услови на патот.

