Мадицинските сестри ќе добијат за 5 % повисока плата од јануари. За сите други барања ќе мора да почекаат да завршат преговорите со ресорното министерство:
„За денес и утре се закажани средби. Нашиот буџет е тој, кој е одреден за зголемување на платите во здравството. Сепак нема да застанеме со комуникацијата и деновиве имаме состаноци со претставници на здруженијата и Комората на медицински сестри и да видиме кои се барањата и дали воопшто можеме да излеземе во пресрет“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Околу еден месец траат преговорите меѓу здруженијата на медицински сестри и Министерството за здравство. На последната прес конференција медицинските сестри излегоа со обвинувања дека се маргинализирани од страна на државата зашто имаат помало покачување во однос на лекарите кои добивата 10 % повисока плата.
Дополнително побараа и донесување на законот со кој на медицинските сестри од приватното здравство кои поради затворање на ординациите остануваат без работа, ќе им се гарантира враќање во јавното здравство.
