ЖФК Каменица Саса со победа над Кочани со 6:0 избори пласман во полуфиналето од Купот на Македонија
Во четвртфиналниот натпревар, на домашен терен, каменичанки убедливо ја совладаа екипата на ЖФК Кочани со 6:0 и на заслужен начин продолжуваат во борбата за трофејот.
Најефикасна беше Ана Димитровска со четири постигнати гола, а по еден погодок додадоа Туане Фрагосо и Јована Митева.

По натпреварот, тренерот Зоран Златковски упати честитки за девојките за одличниот натпревар и заслужената победа. Игравме дисциплинирано, борбено и тимски од првата до последната минута. Овој пласман во полуфиналето е награда за нивната работа и посветеност. Продолжуваме понатаму со иста енергија и со големи амбиции, – додава Златковски
ЖФК Каменица Саса останува мотивирана и фокусирана на следните предизвици, со јасна цел и борба за највисок пласман во Купот на Македонија.

