Градоначалникот на Крива Паланка бара прогласување на 30 дневна кризна состојба и итно решение на проблемот со кравите

Владата да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена со цел трајно решававање на проблемот со неконтролираното движење на крупен добиток, побара на денешната прес конференција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
До него беа и граѓани на Крива Паланка кои се соочуваат со непријатности, но и со штети од проблемот со кравите, кој неконтролирано талка низ градот и селата во рамките на општината.
Заедно со граѓаните, од денешната прес-конференција упативме јасно барање: крај на голготата од неконтролираното движење на добитокот!
Овде стојат луѓе што заслужуваат безбедност, спокој и заштита на својот имот и труд.
Нивниот глас мора да биде слушнат.
Крива Паланка бара итно и трајно решение!, порача градоначалникот.

Тој порача дека ниту партиската припадност ниту нечии приватни интереси не смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните да имаат нормален и пристоен живот.

