РАБОТНА СРЕДБА И СЕДНИЦА НА ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
На 20.11.2026 година, иницирам работна средба со поранешните претседатели на Советот на Општина Делчево, кои ја извршувале оваа одговорна функција од 1996 година до денес.
Целта на средбата е да ги споделиме искуствата, предизвиците и поуките од различните периоди на локалното самоуправување, да разговараме за работата на Советот и за можностите за негово понатамошно унапредување.
Тоа се луѓе кои во различни времиња ја носеле одговорноста да ја претставуваат волјата на граѓаните, да донесуваат важни одлуки и да придонесуваат во развојот на нашата општина.
Верувам дека преку вакви средби ја негуваме институционалната меморија, меѓусебната почит и континуитетот во работењето.
Затоа што функциите се менуваат, времето поминува, но одговорноста кон Делчево и граѓаните останува.

