Општина Виница на средба со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнес: Во фокус младите, инвестициите и промоцијата на теракотните икони

Делегација од Општина Виница денеска оствари работна средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес.
На средбата присуствуваа Сара Даневска Ивановски, директорка на Музејот „Теракота“ и Гоце Василев, претседател на Советот на Општина Виница.
Како што информираат од локалната самоуправа, Виница била претставена како општина со значаен развоен потенцијал, со цел создавање нови можности за вклучување на младите во локалните политики и во процесите на одлучување.

На средбата бил ставен акцент на можностите за соработка преку инвестициски програми и иницијативи за млади, како и на развојот на локалниот туризам.
Во тој рамки е презентирано културно-историското наследство на Виница, со посебен осврт на локалитетот Виничко Кале и уникатните теракотни икони, како наследство со потенцијал за меѓународна афирмација.a

