Стручна трибина „Зборуваме гласно – локална поддршка и подигање на свеста за родово базирано и семејно насилство“ во Македонска Каменица
На 16-ти октомври, четврток, со почеток од 11:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица ќе се одржи стручна трибина на тема „Зборуваме гласно – локална поддршка и подигање на свеста за родово базирано и семејно насилство“.

Трибината е во организација на Здружението на граѓани „Контакт 3“ со поддршка на Општина Македонска Каменица.
На настанот ќе учествуваат стручни лица и претставници од релевантните институции кои работат со семејно насилство – Центарот за социјални работи, МВР, здравството и образованието.
Трибината ќе ја води Весна Матевска, програмска раководителка на Програмата за превенција и заштита од родово базирано насилство во ХЕРА.
Целта на трибината е преку стручни излагања и размена на мислења да се истакне важноста на навременото препознавање на родово базираното насилство, информирањето, обезбедувањето соодветна поддршка за жртвите и зајакнувањето на мултисекторската соработка.

