Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во текот на утрешниот ден, времето ќе биде сончево и топло, ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде од 13 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Температурите во главниот град на Македонија, утре ќе се движат од 17 степени минимална, до 37 степени максимална.
До крајот на денешниот ден, од УХМР јавуваат дека ќе биде топло со слаб до умерен претежно северен ветер.
